554
Фудбалскиот клуб Пелистер за кој Владимир Талески и ВМРО – ДПМНЕ ветија дека ќе биде прв во Македонија и дека ќе игра во Лигата на шампионите сега сакаат да го продадат во четири очи под сомнителни околности, изјави вчера потпретседателот на битолската ЛДП, Александар Касапов.
– Фудбалскиот клуб Пелистер му се продава на некој Гаврил Папанастасатос, човек со патриотско име и презиме. Овој договор за ЛДП е несериозен и аматерски и сметаме дека тој на ФК Пелистер нема да му донесе светла иднина. Зошто наместо на правни лица како што беше првично замислено ФК Пелистер го продавате на физичко лице и зошто наместо со јавно наддавање ФК Пелистер го продавате во четири очи – праша Касапов.