За излез од државата на „Богородица“ и „Табановце“ се чека 30 минути

by Fokus

Зголемена фрекфенција на возила и утринава има на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, информира Автомото сојусот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ за излез од државата на овие два гранични премини се чека околу половина час. На останатите премини од македонска страна, пак, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости