457
Документи за учество на вонредните парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври документи поднеле 24 партии и 7 коалиции. Пет партии и три коалиции ќе бидат регистрирани дополнително од Централната изборна комисија бидејќи поднеле последниотв ден документи за учество. Се очекува утре да заврши увидот за нив и да се знае дали ќе бидат регистрирани.
Годинава во избирачките списоци за изборите во Бугарија има приближно 6.661.000 луѓе.
До 27 август, само оние што се регистрирани од ЦИК на Бугарија можат да поднесат апликации за да објават промени во составот на коалицијата, како што се напуштање партија или вклучување на нова партија.
Бугарите во странство од денеска до 6 септември можат да се пријават за гласање преку интернет.