За итни случаи во болница не треба дозвола за полициски час, велат од МВР

by Fokus

Ако граѓаните имаат итно потреба да одат во болница за време на полицискиот час, нема потреба да се јавуваат во полиција или да бараат дозвола, кажа дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

„Граѓаните не може однапред да знаат дали ќе дојде до влошувањето на здравјето и поради тоа ќе имаат потреба да го напуштат домот. Граѓаните немаат потреба да се јавуваат на 192 или да бараат дозвола, туку доволно е да се упатат до најблиската болница и ако бидат сопрени од полициска патрола, доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена локација и точно да кажат во која болница се упатуваат – истакна Петровска.

Поврзани новости