Градежните компании и понатаму ќе работат, но се препорачува лимитирање на работниците

by Фокус

Градежните фирми можат да работат непречено, со препорака самите да го организираат производниот процес почитувајќи ги сите препораки на Владата, односно Министерството за здравство, како што е лимитирањето на бројот на работниците, да се одржува растојание од 1,5 до 2 метри, да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена и дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните.

Ова беше кажано на денешната информативна видеосесија со наслов „КОВИД-19, на која министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска одговараа на актуелни прашања поврзани со најновите мерки за справување со последиците од инфекцијата.

Во врска со организирањето на такси превоз, тие посочија дека постојат дежурни возила, кои можат да ги превезуваат граѓаните од нивниот дом до здравствена установа и за оние кои имаат дозволи за движење. За превозот на вработените во здравствените установи, во соработка со Градот Скопје, пак, е организиран превоз со возила на ЈСП и друг вид возила, кои ќе возат по точна одредена рута за која ќе бидат информирани здравствените работници.

Околу извршувањето на работни задачи на терен, од владата информираа дека постои ограничување и во еден автомобил не смеат да се возат повеќе од тројца и во оваа бројка се смета и возачот. Патем, освен заштитната опрема, потребна и соодветна дозвола кои ги издаваат работодавачите за движење на работниците во време на полициски час исклучиво до и од работното место.

Поврзани новости