За испорака на вакцините од Ковакс засега нема прецизен одговор дали Македонија исполнува услови

by Fokus

Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход, за МИА објаснуваат кои критериуми се потребни за да се добијат вакцини, а засега нема прецизен одговор дали Северна Македонија ги исполнува наведените услови.

-За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да бидат присутни, вклучително потврда на националните регулаторни критериуми за авторизација поврзани за испораката на вакцини, договори за обештетување (за сите учесници со секој производител), национални планови за вакцинација како и логистички фактори како лиценци за извоз и увоз, велат за МИА од ГАВИ.

Алијансата нагласува дека е во контакт со сите учесници во Ковакс за дистрибуцијата на вакцини, но без повеќе детали за процесот во однос на Северна Македонија.

-Со финализирањето на подготовките, Ковакс ги издава нарачките до производителите и ги праќа и испорачува дозите преку редовен процес. Ова значи дека, од минатата недела, доставите за првата рунда испораки се одвиваат дневно, во транши, објаснува Лаура Шевлин од ГАВИ.

Според неа, владите се информирани за првата рунда дистрибуција за тоа на кој датум ќе ги добијат дозите, а роковите би требало наскоро да бидат јавно соопштени.

 

Поврзани новости