За Груевски државата е ниско-умерено задолжена

by Фокус

Македонија има добар економски прогрес, лани завршивме со трет најдобар раст на БДП во Европа, изјавил денеска премиерот Никола Груевски на Виенскиот економски форум, јавува владината прес-служба.

Од Владата инфорираат дека Виенскиот економски форум е еден од најреномираните и најеминентни политичко економски настани кои што се одржуваат на европскиот континент, а на овогодишниот настан покрај македонскиот премиер присуствуваат и претседателот на Австрија Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман, албанскиот премиер Еди Рама, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и вицепремиерот на Бугарија Томислав Дончев 

– Во првите 6 месеци од 2014 година имаме втор најголем раст од 4.1 отсто на БДП. Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40 отсто. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Во моментот градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила која Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за правење на бизнис во Европа – изјави премиерот Груевски.

 

Поврзани новости