Не гледам демократија во вулгарностите изречени за Уставниот суд и за одредени судии, ниту во боењето на објектот на Судот, вели претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева во интервју за неделникот Република.
-Јас, и покрај сѐ што видов, доживеав и поминав како претседателка на Судот, во ниеден момент не помислив дека згрешив што ја прифатив функцијата. Во текот на моето работење имав поддршка од дел од персоналот во Судот, судиски и административен. Сѐ додека сум дел од Судот, ќе се борам за доминација на уставното право, вршење на уставните надлежности, заштита на уставно гарантираните национални интереси, а не партиско-политички амбиции на надворешни и внатрешни елементи во државата или во Судот, вели Гошева во интервјуто.
Нејзиниот мандат како претседателка на Уставниот суд истекува за две недели, па Судот наскоро ќе избере нејзин наследник.