661
Пратеникот Влатко Ѓорчев во вечерашната дебата на телевизија Телма жестоко го критикуваше Законот за амнестија кој според него покажал дека еден човек е и судија и кадија во Македонија, за потоа да каже дека и тој гласал „за“ законот.
-Гласав за Законот за амнестија зашто не треба да има поигрување со судбините на тие луѓе. Има актери, оперски пејачи обвинети за тероризам. Јасно е дека амнестијата е за оние кои отворија врати и им се закануваа 15 години затвор, да се спасат и да гласаат за уставните измени. Законот е политички пазар, рече Ѓорчев.