Во изминатата недела, поточно од 7 до 13 биле направени вкупно 15.857 тестирања за Ковид-19, при што е заележано намалување на бројот на тестови од 9,2% во однос на минатата недела.
-Регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, односно над 41% од заразените, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
-Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (18,9%), 50-59 (18,8%), 40-49 (18,7%) и 20-29 (11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,3%) и 10-19 години (3,).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.721 (49,3%) лица од машки и 2.797 (50,7%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 174 смртни случаи од 29 града, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.