Ковид-19: Највисок морталитет има во Струга, Прилеп, Крушево, Штип и Охрид

by fokus 13:40
13:40

Според податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со 13.12.2020, пријавени се вкупно 73.851 случаи на COVID-19.

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Крушево, Штип и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.

- Advertisements -

-Во 27 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во 2 градови се забележува минимално, додека во останатите поголемо процентуално зголемување на бројот на новозаболени, велат од Институтот за јавно здравје.

Поврзани новости