За една недела четворица полицајци добиле отказ

by Фокус

Во текот на минатата недела Министерството за внатрешни работи повело дисциплински постапки и донело 20 решенија  за сторени повреди во работењето. Тринаесет вработени добиле парични казни, , четворица откази, а за останатите имало писмено предупредување, откажување на договорот за вработување и запирање на постапката.

Еден од казнетите е полицаец од Кочани кој добил парична казна бидејќи влегол во продавница со униформа и на касата не го пријавил и не го платил сирењето.

Откази добиле полицајци кои не дошле на работа три дена по ред.

Поврзани новости