За еден месец Албанија се „тресела“ 930 пати

by fokus 09:55
09:55

Од четврти јули кога беше регистриран првиот потрес, во близина на Драч, со јачина од 5,1 степен според Рихтер,во Албанија продолжува сеизмичната активност.

Последниот 930-ти по ред е регистриран вчера со епицентар на Кепи и Родонит, на Јадранско Море,кај Драч,со јачина од 3,8 степени.

- Advertisements -

Земјотресите главно се регистрирани во пошироката околина на Драч,како и во централниот дел на земјата.

Според сеизмолозите од албанскиот Институт продолжувањето на потресите е нормална работа,бидејќи по секој поголем потрес следуваат низа помали,се додека тлото целосно не се смири.

Поврзани новости