Уапсен маж во Грција кој крадел од донираната храна за погодените од пожарите

by fokus

Грчката полиција уапси 37-годишен маж додека се обидувал да украде пакети со храна наменета за погодените од катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, чуварот на спортската сала во која се собира хуманитарна помош во населбата Неа Макри забележал две сомнителни лица и веднаш ја известил полицијата.

По брзата реакција полицијата го уапсила 37-годишниот, додека пак лицето кое било со него успеало да побегне.

Во паркираниот автомобил на уапсениот биле пронајдени два пакета со храна.

Поврзани новости