За еден ден казнети дури 378 возачи кои возеле брзо

by fokus

Во вчерашната акција на Министерството за внатрешни работи за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената вкупно се изречени 378 казни ширум државата.

Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Поврзани новости