Во изминатите 24 часа, од МВР информираат дека бил издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за азил на вкупно 2.165 странски државјани, од кои 446 се деца кои патувале со некој од родителите, а дури 107 се деца кои патуваат сами.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.788, Иран-116, Ирак-98, Авганистан – 66, Палестина-47, Пакистан-12, додека другите се во помал број.
-Во периодот од 19 јуни до денес издадени се потврди на вкупно 62.586 странски државјанин, од кои, 42.516 се од машки пол, 8.574 се од женски, 9.994 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.502 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од МВР.