Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи издало вкупно потврди на 614 странски државјани, од кои 92 деца, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-574, Бангладеж-10,Нигерија –девет,Сомалија – шест, додека останатите се во помал број.
-Во периодот од 19.06.2015 до 12.08.2015 година, издадени се потврди на вкупно 32.388 странски државјани, од кои, 22.703 се од машки пол, 4.359 се од женски, 4.959 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 367 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-25.286, потоа Авганистан-1.990, Ирак-1.667, Пакистан-1078, Сомалија-547, Палестина-492, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-126, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.
Од Црвениот крст, пак, информираат дека во текот на вчерашниот ден мобилните екипи им укажале прва помош на вкупно 142 азиланти, меѓу кои 29 трудници, од кои 79 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 63 интервенции на Табановце.