Општина Центар: Фирмите кои работат со општината повикувани на информативни разговори во МВР

by Фокус

Раководното лице на фирма која што изведува дел од проектите на општина Центар, е повикано на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи. Повикот бил по телефон и на лицето му е посочено со себе да ја донесе целосната документација за извршените работи и проектите кои што ги има само со општината, информираат од општина Центар.

-Ова не е прв случај фирми кои имале најдобри понуди и добиле на распишаните тендери со Центар да бидат под притисок на власта. Општина Центар прашува: дали овој “специјален“ однос, кој што власта го има кон единствената опозициска општина во градот Скопје е поради досега сработеното, поради големиот проект “Работно Лето 2015“, нелегално изградениот дел од седиштето на ВМРО – ДПМНЕ или пак, поради интервенцијата на општината во однос на огромните парцели на луѓе од врвот на власта, кои истите сакаа да си ги присвојат на нелегален начин, а беа спомнати и во “бомбите“ на опозицијата?, прашуваат од општината.

Оттаму додаваат и дека инспекциските служби, за разлика од другите општини, се редовни “гости“ во општината.

-Општина Центар работеше и ќе продолжи да работи легално, а надлежните тоа можат да го исконтролираат во секој момент. Но ваквите заплашувања и притисоци не само што нема да не’ поколебаат, напротив – ќе работиме со се’ позасилено темпо, во интерес на граѓаните, велат од општината.

Поврзани новости