Постапката се запира за 11 физички лица поради немање доволно докази за пожарот во Кочани, а во понатамошниот дел може ќе се обезбедат докази и постапката може да продолжи, изјави денеска на прес-конференција државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Меѓу нив се и двајца поранешни министри за економија, но не прецизира кои се тие.
Појасни дека за едно лице постапката е прекината, за едно лице се прекинува затоа што се работи за веќе починат човек, а за другите може и да продолжи доколку се најдат дополнителни докази.
За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Тие се гонат бидејќи при акциската контрола, не спречиле да биде активирана пиротехниката. Но, истовремено, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.