Има индиции дека исчезнатиот штипјанец е во Велес, се замолува локалното население за помош!

by Fokus

Владимир Бурев од Штип, 36-годишен семеен човек, татко на две малолетни деца, е исчезнат од вчера наутро. Од семејниот дом излегол вчера наутро, во околу 04.25 часот, а исчезнувањето е пријавено во СВР Штип истиот ден, околу пладне, од страна на неговиот татко.

Во телефонски разговор за ,,Фокус” таткото на Владимир, Васил, вели дека сите институции се алармирани и се на нозе. Целото семејство е вознемирено, а се бара помош во пронаоѓањето на неговиот син и од јавноста.

– Васил има сопруга и две дечиња, живеат во наша близина. Неговата сопруга ни јави дека заминал, оставил и писмо. Сите сме презагрижени, и само се надеваме се да биде во ред и да биде пронајден жив и здрав.
Добивме информација дека со такси возило бил однесен во Велес, според последни информации таму е насочена истрагата. Доколку некој во Велес го забележал, замолувам да се јави во полиција или пак на мојот телефонски број 075 275 445, вели таткото.

Кога заминал од домот, Владимир бил облечен во црни тренерки. Се работи за висок и слаб човек.

Од МВР за „Фокус“ потврдија дека исчезнувањето е пријавено во полиција и дека СВР Штип презема интензивни соодветни мерки за пронаоѓање на лицето.

Вики Клинчарова

Поврзани новости