Директорката на Токсикологија – Бесија Иљази покрај тоа што за два месеци раководење го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари, не доаѓала на работа. Ова се само дел од низата обвинувања од страна на вработени во клиниката кои преку писмен допис до медиумите се пожалија за нејзиното работење.
„Со назначување на В.Д организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути поточно на работа доаѓа во 10:00 часот а работното време и завршува во 14:30“ – велат вработени во Токсикологија.
Во дописот вработените посочуваат и за други нерегуларности.
„Исто така клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози,токсиколошката лабараторија веќе два месеци истата не врши валидација на издадените резултати“ – велат вработени во Токсикологија.