Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

by Fokus

„Кластер 3 насловен „Инкузивен раст“ ја засега економијата и со тој кластер ЕУ ни кажува дека бара иманентно врзување на образованието со индустријата односно и тој високото образование, бара истражувачки универзитети, нивно директно поврзување со економијата и економскиот раст“ рече професорката Катерина Колозова на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ организирана од Цивил.

Таа додаде дека и претседателката на Европската комисија кажа дека нејзина геостратешка острица е економија базирана на технолошка, научна и друга иновација, во смисла на напредок за трка со Кина и САД.

„Ако сте економски компетитивни, за тоа што имате технологија со која што никој не може да се трка станувате планетарно компетитивни, е така редефинираната Европа бара ние во Западен Балкан да се редефинираме и фондот што го додели за сите нас во ноември 2020 година преку ИПАРД 3 е токму да се престроиме на ова патека на развој и според овој концепт на развој“ – рече Колозова.

Професорката додаде дека во регионот никој тоа се уште не го прави, но било која идна влада треба да ги развива политиките во тој правец.

 

Поврзани новости