Специјалното јавно обвинителство поднесе жалби за сите осомничени во случајот „Титаник“ на кои Судот не им определи мерка притвор. Сега Кривичниот совет има 48 часа да се произнесе по жалбите.
-По вчерашниот распит на вториот дел од осомничените, предметот со жалби е комплетиран и Кривичниот суд во рок од 48 часа ќе одлучува дали ќе ги прифати жалбите на Специјалното обвинителство, соопштуваат од Судот.
Осумтемина осомничени во случајот „Титаник“ се товарат за злосторничко здружување кое имало за цел да обезбеди опстојување на власт на политичка партија. Меѓу нив се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски.