Иванов: Се очекува Македонија да се однесува поодговорно од ЕУ членките

by Фокус

Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера учестуваше на самитот на Вишеградската група В4 (Чешка, Унгарија, Полска и Словачка) во Прага, на кој учествуваа Македонија и Бугарија. Тој предупреди дека во тековната бегалска криза Македонија нема да дозволи еднострани решенија што ќе бидат наша штета.

-Се очекува Македонија да се однесува поодговорно од земјите членки. Ние не бегаме од оваа обврска. Но за да го носиме тој товар бараме гаранција од ЕУ политичка, безбедносна и економска поддршка. Бараме и очекуваме решение од Европскиот совет во кое Грција ќе има удел и немаме никаков интерес целиот товар да падне само врз Грција. Но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат наша штета. Опстојуваме на нашите барања и предлози изнесени на вонредниот самит во Брисел на 25 октомври 2015 година, рече Иванов.

Тој додаде дека Македонија е подготвена за сите можни сценарија и ќе постапува онака како што постапуваат и другите држави долж балканската рута, но и државите кои се крајна дестинација за бегалците.

Поврзани новости