За да утре се избере претседател треба да гласаат 723.253 граѓани

by fokus

За да утре се избере претседател на државата, на гласање треба да излезат не помалку од 723.253 гласачи, односно 40 проценти од вкупното избирачко тело. Во избирачкиот список вкупно се запишани 1.808.131 гласачи.

Во случај и во вториот круг да не биде постигнат потребниот цензус, тогаш по одреден период се повторува целата изборна постапка. Дотогаш функцијата претседател ќе ја извршува претседателот на Собранието, во случајот Талат Џафери.

Поврзани новости