Рекордни 12.500 учесници денес ќе трчаат на Скопскиот маратон

by fokus

Дури 12.500 учесници од 58 земји денеска ќе трчаат на  15-ти „Скопски маратон“ во неколку категории: маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон (мажи и жени) и на ревијалната трка на пет километри.

За разлика од минатите години, наместо од плоштадот и во правец кон Камени мост, стартот и целта на трката ќе бидат пред Собранието на Македонија. Потоа се трча кон Владата, лево по булеварот Илинден кон Ѓорче Петров, оттаму по булеварот Теодисиј Гологанов, кон Центар, населбата Јане Сандански и назад до Собранието.

Наградниот фонд ќе изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.

Поврзани новости