За да се заштитиме од ковид, денеска ќе протестираме со возила низ градот, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино

by Fokus

Денеска во 19 часот ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино ги повика граѓаните на протест со кој ќе го искажат своето незадоволство од владеењето на СДСМ.

Како што појаснуваат од партијата, поради заштита од ковид и здравствена безбедност на граѓаните, протестот ќе се одржел со возила, со почитување на мерките. Во соопштението до јавноста, наведени се низа на причини поради кои повикуваат на протест, а една од нив бил начинот на кој власта се справува со корона кризата.

-Лошо справување во областа на образованието во цела држава, вклучително и во Неготино Недоволна грижа за економијата, особено во земјоделието; Поскапувањето на сметките за струја; Богатење на поединци на сомнителен начин преку разни фондови и тендери; Селективна правда и реваншизми, на централно и локално ниво; Доведување во ризик на националните интереси (случајот со Договорот со Бугарија)- се дел од причините кои партијата ги навела во соопштението, со кое повикува на излезеност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости