Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет

by Fokus

Делата како што е творештвото на Марко Цепенков покажуваат дека македонскиот народ не е никаква комунистичка творба туку сосема нормално се развивал во согласност со сите законитости и модели на развој на балканските народи, европските народи, и во одредени услови и конституирал својата држава. Безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право и идентитет. Ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е  иманентно и инхерентно право и морално и научно и цивилизациско право.

Ова го истакна денеска академик Катица Ќулавкова во изјава за медиумите по Научниот собир на тема „Одбележување 190 години од раѓањето на Марко Цепенков и 100 години од неговата смрт“ во организација на МАНУ

-Не можеме ние да очекуваме Македонија со нејзината констелација каква што ја имала во крајот и втората половина на 19 век и почетокот на 20 век да добие така лесно посебна државност иако македонистите, конкретно точно таа група која освен што научно дала придонес и културно во развојот на македонската култура и во нејзина афирмација, дала придонес и во т.н. револуционерно движење. Тука спаѓа Чупески, Крсте Мисирков, Пулевски претходно, значи токму тие покажуваат дека македонската држава не можела да добие признание затоа што во таа балканска и европска констелација не добила поддршка од ниту една голема сила, а самите соседи постојано ја подвргнуваат на одредени порекнувања и релативизации по однос на идентитетот, нешто што еве во соодветни услови денес кога им се даде некаква можност го актуализираат. Затоа ние треба да работиме малку на тоа, на внатрешното единство идејно и национално да го зајакнуваме, а потоа да имаме и добри пријатели од Европа и пошироко од светот, вели Ќукавкова во коментар за актуелните бугарски условувања во делот на идентитетот и јазикот

Таа нагласува дека историската вистина на која инсистира Бугарија не е единствена и непоречна и дека има доволно и факти и показатели за развојот на македонскиот јазик и култура

-Се разбира дека историската вистина не е единствена и не е непоречна, меѓутоа Бугарите се држат токму за таа догма дека историската вистина е на страна на бугарската перспектива на толкување на историјата што апсолутно не е точно. Колку повеќе читам јас лично и сите мои колеги, нашите историчари, македонската и културна и национална историја и сите движења што се случувале на оваа територија сфаќаме дека има доволно и факти и показатели дека македонскиот јазик си постои уште од пред илјадници години и дека си се развива сосема нормално, ја развива својата култура онака како што овозможувале условите на хегемонијата на која што бил подложен македонскиот народ, вели академик Ќулавкова

Поврзани новости