612
По многуте реакции на социјалните мрежи и на политичките експерти за тоа каде е претседателот Ѓорге Иванов по насилните протести за случајот Монструм, денеска пристигна соопштение за утрешната агенда на Иванов.
Тој ќе оди во посета на Центарот за обука на вода во Охрид.
„Македонскиот претседател, придружуван од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ќе се запознае со капацитетите, работата и извршувањето на задачите на овој центар, при што ќе се сретне со припадници на полкот за специјални операции на АРМ кои изведуваат обука во Центарот за обука на вода“, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.