Средба на Заев и Шекеринска со германската амбасадорка Штајнакер

by Фокус

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска се сретнаа со германската амбасадорка, Гудрун Штајнакер. Како што стои во соопштението на СДСМ, на средбата била изразена заедничка загриженост за последните случувања во Македонија и значењето на воздржување од насилство и потребата од одговорност.

„Постои согласност дека партнерите во власта се најповикани за смирување на создадените тензии. Германската амбасадорка, Штајнакер, рече дека меѓународната заедница е свесна за слабостите на институциите на системот, што се закануваат на европската перспектива на Македонија и порача дека посакува да види чекори во скоро време што ќе ја водат Македонија во вистинската насока. Претседателот Заев нагласи дека СДСМ прави и ќе направи се што е во моќ на партијата за нормализирање на процесите во државата. Тој ги објасни 5-те предлози на СДСМ и коалициските партнери за излез од политичката криза: поделба на државата од партијата, регулацијата на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и останатите медиуми, јасно презицирање на Избирачкиот список и изборното законодавство, спроведување попис и пред се договор за формирање техничка влада што ќе го гарантира спроведувањето на сето ова и организирањето слободни, фер и демократски избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости