За да има напредок, шансите треба да се користат, порача Димитров

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчерасе сретна во високата преставничка за надворешна политика на ЕУ, Фредерика Могерини. Средбата му претходи на работниот појадок кој Димитров денеска ќе го има во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. Како што напиша Димитров на својот фејсбук профил работниот појадок ќе биде во формат пријатели на Македонија.

„Неделна средба со Федерика Могерини во Брисел пред утрешниот работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во формат пријатели на Македонија, организиран од Екатерина (Бугарија, сегашниот претседавач) и Карин (Австрија, идниот претседавач): за да има напредок, шансите треба да се користат!“, порача тој.

Во дипломатската офанзива во Брисел, Димитров ќе има средби со претставници од институциите на ЕУ и, како што е официјално најавено, неколку министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

На овој начин треба да се омекнат ставовите на некои скептични земји од ЕУ кои се против почеток на преговори со Македонија и покрај тоа што, според најавите, спорот со името е близу до решение.

 

Поврзани новости