За Ахмети, не е добро Заев да се кандидира за претседател

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната лидерска средба, додаде дека партиите ќе ја донесат конечната одлука за кандидат за претседател на државата.

„Партиите ќе бидат тие коишто ќе ја преземат конечната одлука, и остана за во иднина за дополнителни консултации и информации меѓусебно да разговараат организациските секретари на двете партии. Треба да се почитува волјата на мнозинството на граѓаните на оваа држава. Сепак, одлуката што ќе се донесе треба да биде правилна и од полза”, рече Ахмети.

Првиот човек на ДУИ истакна дека не би било добро решение, премиерот Заев да се кандидира за претседател на државата.

Поврзани новости