По цена од 600 денари навивачите на македонската фудбалска репрезентација до понеделник можат да купат билет за гостувањето на националниот тим во Разград и дуелот против Бугарија во рамки на првото коло од новата сезона во Лигата на нации во Ц – дивизијата
Влезниците можат се набават електронски преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Купените билети навивачите ќе ги добијат во вторник преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Натпреварот ќе се одигра идниот четврток на стадионот „Хувефарма“, а македонските симпатизери ќе бидат лоцирани во секторот определен за гостински навивачи.
– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, апелираше ФФМ.