За 6 години се формирани 56 нови институции, вели Андоновски

by Фокус

Реформата за процесот на реорганизација на администрацијата која беше најавена уште во 2017 година постојано се удира во ѕид, истакна Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во радио МРТ1.

-Тука е податокот дека Акцискиот план за спроведување на стратегијата бил реализиран само 52% што значи дека оваа Влада реализирала одвај половина од реформите. Во 2018 година имаме 1291 институција во јавниот сектор, од кои 128 органи на државната управа. Денес после 7 години на „оптимизација и реорганизација“ од страна на СДСМ и ДУИ имаме 1346 институции и 144 органи на државната управа. Тоа се 56 нови директори на институции кои не и требало да бидат оформени, 56 нови нивни заменици, 430 управни и надзорни одбори, во кои има 4000 партиски војници кои земаат паушали, нови службени возила и телефони, нови простории, илјадници нови вработувања – рече тој.

После 5 или 6 години, според него, ниту една верзија на нацрт закон не е предложен и консултиран со јавноста и засегнатите страни, иако експертите изготвиле 5 нацрти на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

-Заради тоа е оваа реакција која ја имаат синдикатите. Нивните барања се легитимни, многу аргументирани и компаративните анализи се многу конкретни. Што не значи дека секое од барањата мора да се прифати, но секој треба да биде сослушан. Мислам дека ако има добра воља овој закон треба да се повлече од постапка, да се врати назад на разгледување и во една брза процедура ние можеме да ги вклучиме сите овие забелешки за да постигнеме определен наредок – кажа Андоновски.

Поврзани новости