Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски се сретна со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.
,,Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот”, рече Велковски.
Во врска со надлежноста на Министерството за труд и социјална политика, се работи за поединечен колективен договор, за кој што потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено.
Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот, додаваат од МТСП.