Во изминатото деноноќие, починати се 24 лица заразени со ковид 19. Од нив, седум пациенти се од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45), еден од Штип (64), еден од Прилеп (57), еден од Тетово (61), двајца пациенти од Битола (66 и 73), три од Кавадарци (83, 78 и 69), еден од Гостивар (46), три од Струмица (78, 68 и 59), еден од Берово (41), еден од Делчево (83) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје-116, Куманово-25, Дебар-1, Штип-23, Прилеп-31, Тетово-29, Велес-20, Битола-14, Гостивар-15, Гевгелија-6, Струмица-8, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-16, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Берово-3, Валандово-2, Виница-20, Делчево-26, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 47.050, бројката на оздравени пациенти е 27.364, на починати е 1.305, а бројот на активни случаи изнесува 18.381