650
Четворица пациенти, позитивни на корона вирус починале во велешката болница во изминатите 24 часа. Станува збор за две жени на возраст од 57 и 61 година и двајца мажи на возраст од 48 и 79 години.
И во тек на вчерашниот ден починаа двајца пациенти хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес. Станува збор за 84-годишна жена и 75-годишен маж, позитивни на вирусот.
За време на викендот пак, во велешката болница починале тројца позитивни пациенти, на возраст од 63, 70 и 86 години.
Моментално се хоспитализирани 62 ковид позитивни пациенти.
Според вчерашниот извештај на МЗ, во Велес се активни 409 случаи на вирусот. Од почетокот на пандемијата се инфицирале 8.218 лица.
Вики Клинчарова