За 200 места во армијата се пријавиле 1.800 кандидати

by Фокус

На распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800 кандидати, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакнувајќи дека тоа покажува оти армијата ќе се подмладува. Според неа, интересот на младите да пристапат кон Армијата е резултат и на нашето членство во НАТО, меѓутоа и резултат на зголемените плати.

-Армијата секогаш ја враќала довербата во неа, успевала да одговори на задачи и во најтешки околности, но сега покажавме и дека државата си ги цени своите војници, своите офицери и младите луѓе од сите етнички заеници, и мажи и жени, тоа го покажаа со овој интерес – изјави Шекеринска.

Поврзани новости