376
Во Кривичниот суд денеска се одложи рочиштето за случајот „Шпион“ на СЈО поради оправдано отсуство на еден од адвокатите на обвинетите, Туше Гошев.
Апелацискиот суд минатата година ги ублажи казните на обвинетите, а за неколкумина постапката ја врати од почеток. Предметот повеќе од година дена е во рацете на СЈО кое го презеде од редовното обвинителство.
Следното рочиште е закажано за 19 април. Во случајот „Шпион“ осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.