За 10 години, Хрватска има речиси 400.000 жители помалку

by Fokus 13:22
13:22

Државниот завод за статистика на Хрватска, денеска ги објави првичните резултати од Пописот, што се одржа во октомври лани, а податоците покажуваат дека во Хрватска живеат 3.888.529 луѓе.

Според податоците од Пописот од 2011 година, во Хрватска живееле 4.284.889 жители.

- Advertisements -

Хрватските медиуми потсетуваат дека нивната земја беше зафатена со бран иселувања по влезот во Европската Унија, а најмногу луѓе се иселиле во Ирска и во Германија.

-Со пописот опфатено беше подрачјето внатре, во границите на Хрватска и не се однесува на иселениците, рече шефицата на ДЗС, Лидија Брковиќ, денеска на прес-конференција.

Ова покажува дека за 10 години, населението во Хрватска се намалило за 9,5 отсто, но бројот на станбени единици се зголемил за 4 отсто.

По жупании, најмал пад на бројот на населението има во Загреб, потоа Дубровничко-неретванската, па Задарската, а најголем пад има има во Вуковарско-сремската дури 19 отсто.

Бројот на станови зголемен е речиси во сите жупании, а најмногу во Дубровничко-неретванската.

„Во последните 10 години, бројот на жители се намали за 396.000″, резимира Брковиќ.

Сепак, бидејќи ова се првични резултати, подложни се на промени, па така, не можеше да изнесе ни податоци за старосната структура на иселените, ниту за бројот жители по националности во државата.

Поврзани новости