Под кодното име „Vihor“ се води полициската истрага за убиството на адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ кој беше застрелан пред својот дом во Нов Белград.
Српскиот весник „Блиц“ дознава дека до сега се симнати видео записи од безбедносните камери во околината, со цел да се утврди идентитетот на убиецот.
-По се изгледа убиецот го следел движењето на Огњановиќ и чекал да се врати во својот стан како би го убил. Она што секако не можел да знае е дека неговиот син Петар ќе биде со него. Инаку, Петар е единствениот кој го видел лицето на напаѓачот и штом се опорави од повредата ќе биде сослушан во полиција – вели изворот на „Блиц“.
Според полицијата 26-годишниот Петар не библ мета на нападот, ранет е во десната дланка и згрижен на Ургентниот центар во Белград. Телото на Огњановиќ, пак е испратено на обдукција.
Огњановиќ (57) му беше адвокат на Лука Бојовиќ, водачот на „Земунскиот клан“, како и на членовите на неговото семејство, а исто така беше и еден од бранителите на Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал, но и на неговата сопруга Мира Марковиќ.
Фото: Blic.rs