Џафери до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Седнете и уживајте!

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше мака да ги натера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да седнат на своите места откако изреагираат затоа што не им беше одобрена паузата. Откако пратеникот Антонио Милошоски излезе на говорница и збореше на изклучен микрофон, му се придружија и неговите колеги. Џафери им рече дека зборува македонски, а за тие што не го разбираат нека стават случалки.

-Антониот имаше процедурално и тоа право го искористи. Сега седнете на своите места да ја продолжиме седницата. Јасно и течно зборувам, за тие кои не разбираат нека стават слушалки. Седнете и уживајте – им рече Џафери, по што пратениците се вратија на своите места.

Поврзани новости