(ВИДЕО) Украински војници се пресметуваат со цивили

by Fokus

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се тврди дека се прикажани украински специјалци кои се пресметуваат со цивили.

Информациите кои се шират имаат повеќе верзии. Една од нив говори дека се работи за руски цивили, додека друга дека се во прашање цивили кои не сакаат да војуваат.

Во меѓувреме, преку Твитер профилот Вишеград24 беше соопштено следното:

„Голема група на ограбувачи со огнено оружје нападнаа неколку војници во Днипро. Украинската безбедносна агенција СБУ ја испрати својата единица за борба против тероризмот која брзо ги фати. Некои од нив се обидоа да дадат отпор при апсењето, но тоа беше залуден обид, пишува Вишеград24 покрај видеото од настанот“.

Видеата се појавија во моментите кога во Советот за безбедност на Обединетите нации украинскиот претседател Володимир Зеленски реферираше за состојбата во Украина.

Поврзани новости