Уставен суд: Лога ги доведува граѓаните во заблуда, а министерот прашува дали нивните иницијативи се причина за нервозата кај судиите

by Fokus

Уставниот суд соопшти дека неточни се тврдењата на министерот за правда Кренер Лога дека од судот е побарано мислење во која било форма за понатамошно постапување со издавање на изводите, а Министерството за правда на тоа одговори со реакција во која се вели дека Министерот лога не може да ја сфати нервозата кај уставните судии

„Неточни се тврдењата на министерот за правда дека од Уставниот суд е побарано мислење во која било форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи, нема пристигнато таков допис ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда“, соопшти Уставниот суд како реакција на изјава на министерот Лога дека и од Утсваниот суд е побарано мислење како да постапи Управата за водење матични книги.

Уставниот суд донесе времена мерка со која се одложува примената на упатството за издавање изводи од книгата на родени, во кои ќе има графа и за националност.

„Во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со било кој учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука.  Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите“, стои во соопштението на Уставниот суд.

Од Уставен суд појаснуваат дека со оглед на нивната позиција и независност должни се да реагираат на невистинити и неточни тврдења искажани од министерот Лога.„Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд“, соопшти Уставниот суд.

На ова со соопштение до јавноста реагираше и Министерството за правда, во која се вели дека министерот Лога не може да ја сфати нервозата и вокабуларот искористен во реакцијата на Уставен суд.

„На новинарско прашање тој одговори дека Управата за водење матични книги има побарано мислење и од Уставен суд и од други институции, како и од делот на експертите. Како што е пренесено до министерот, со Уставен суд комуникацијата е реализирана на неформален начин, заради тоа што до вчера актот на Уставен суд не беше објавен во Службен весник, и токму поради ова, добро е Уставниот суд да не брза со кфалификации ,туку да ги прашува своите колеги.

Од друга страна,со цел да се почитува законот и Уставот, директорот од Управата има побарено писмено мислење од Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство. Длабоко веруваме дека нашите 10+10 иницјативи не се причина за нервозата изразена кон нас.На почитуваниот Уставен суд му посакуваме успеси во нивна понатамошна работа“, соопшти Министерството за правда.

 

 

 

 

 

Поврзани новости