Антоанета Димовска и Наке Георгиев нови членови на Судски совет – Димова го победи Нанев со повеќе од 60 гласови

by fokus

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет.

Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре дисциплинската постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии.

За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен. Уште седум судии во Врховен гласале, но нивните ливчиња биле неважечки.

Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии.

Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи.

Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати.

Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости