444
Скопје се претвори во она што беше Будимпешта, центар на разузнавачки дејности против Србија, изјави министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.
Во изјава за српски „Новости“, Вулин вели дека во Скопје се обезбедува финансиска поддршка и информации за напад против Србија.
Вулин ја прокоментира и средбата на македонскиот премиер, Зоран Заев, со лидерот на Сојузот на Србите, Драган Ѓилас, на која стана збор и за граѓанските антивладини протести во Србија.
-Вучиќ е под непосреден удар на службите поради црвстиот став дека нема да прифати власт на амбасадор. Скопје стана простор од кој потекнуваат напади кон Србија и нејзиниот претседател – изјави Вулин.