81
Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина, изјави вчера вицепремиерот на Србија, Александар Вулин.
„Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина“ посочи тој.
„Признавањето на Косово од страна на грчките власти и приемот на Приштина во Советот на Европа, би бил неизмерен придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на `голема Албанија`. `Голема Албанија` можат да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците, драги наши Грци, размислете за тоа“, рече Александар Вулин, реагирајќи на албанскиот имиграциски состанок одржан во Атина, на кој албанскиот премиер се обрати Еди Рама и покрај противењето на Грците.