Основачот на Социјалистичкото движење – Александар Вулин денеска оцени дека со приемот на Косово во Советот на Европа, Европската унија покажала дека не се грижи за Србија.
Во својата изјава, Вулин, реагирајќи на тоа што Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа дала позитивно мислење во однос на барањето на Косово да стане членка на таа организација, оцени дека Европската унија го покажа својот однос кон Србија.
„За Европската унија Србија е мала Русија и голема неволја, и ништо од нас нема да го промени тоа. Европската унија уште еднаш ни докажа дека не и е грижа за Србија, затоа е време и ние да и докажеме на Европската Унија дека повеќе се грижиме за нашите пријатели надвор од Европската унија, отколку за нашите непријатели во Европската унија“, рече Вулин, јави Танјуг.