Вухан се корегираше, додадоа уште 1.290 смртни случаи, или за 50% повеќе од првично пријавените

by fokus

Кинескиот град Вухан за дури 50 отсто го зголеми бројот на жртви од Ковид-19, пренесе „Ројтерс“.

На бројката од 2.579 денеска додадоа уште 1.290 смртни случаи. Со ова вкупниот број на починати од корона вирус на ниво на Кина достигна бројка од  4.632.

Ревизијата на бројките следува откако изминатиот период Кина беше мета кон која се упатуваа критики и сомнежи дека не го покажува вистинскиот број на мртви.

„Во раната фаза на појавата на вирусот, поради ограничениот болнички капацитет и недостатокот на медицински персонал неколку здравствени институции не успеаја навреме да се поврзат со локалните системи за контрола и превенција на болеста, што резултираше со задоцнето пријавување на потврдените случаи и грешки при броењето на пациенти“, изјавил претставник на Вухан.

Поврзани новости