725
Врвот на епидемијата во Кина помина, но опасноста и натаму постои затоа што во земјата се враќаат граѓани од странство, а голем дел од нив се заразени со корона вирусот.
Сепак, дека најлошото е веќе зад нив може да се види на снимките кои се појавија од Вухан, од каде што си заминуваат медицинските работници после успешната борба со корона вирусот во самиот епицентар на епидемијата.
Огромна благодарност за пожртвуваноста и почит им оддава кинескиот народ на медицинарите кои деноноќно се бореа да спасат што е можно повеќе заболени. Кинеските војници им салутираа на докторите и медицинскиот персонал, а многумина од нив добија и цвеќе.